Предлог-измените на Законот за возила, со кои се очекува да се олесни процесот на регистрација на возила, вчера го помина собранискиот филтер во матичната комисија.
Претседателот на Комисијата, кој е и предлагач, Бојан Стојановски, објасни дека промените се направени со цел поедноставување на процесот на регистрација на возила. Измените им овозможуваат на станиците за технички преглед да издаваат потврда за регистрираното возило, врз основа на претходно проверени критериуми, што ќе се завери со печат на сообраќајната дозвола. Исто така, се предлага регистрацијата да се врши низ целата земја, а не, како досега, во близина на местото на живеење.
Во разговорите со нашите сограѓани и со организациите вклучени во овој закон, дојдовме до заклучок дека процесот на регистрација на возила може да се поедностави, особено затоа што има мал број извршители во Министерството за внатрешни работи кои работат на станиците за технички преглед, што значи дека дури и ако постапката за преглед на возила е целосно завршена, сепак ќе треба да почекате неколку дена за да добиете печат за сообраќајна дозвола, и поради оваа причина решивме да направиме некои иновации“, објасни Стојановски.