Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) признал дека ја лажеле Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) околу состаноците на кои четири маркети се договарале како да влијаат на цените на производите преку картелско здружување пренесува „Само прашај“.
Ваквото признание на ССКМ доаѓа откако на 21.02.2025 година Комисијата за заштита на конкуренцијата достави Заклучок до Комората во кое се наведува дека при контролите на 7 и 11.02.2025 година било утврдено дека Јаневска и Дуковски зборувале невистина и се обиделе да ја доведат во заблуда КЗК.
Инаку, на 20.02.2025 година Антимонполска донесе и Заклучок за поведување на прекршочна постапка против Сојузот на стопански комори (ССК), ВЕРО, Тинекс, КАМ и Рептил и нивните застапници, дека има сомнежи дека „на 05.02.2025 година во Сојуз на стопански комори на Македонија одржале состанок на кој склучиле договор и/или усогласено се однесувале, со што ја замениле состојбата на непречена конкуренција на пазарот со состојба на практична соработка помеѓу претпријатијата, чија цел е нарушување на конкуренцијата преку утврдување на заедничко однесување кон добавувачите.
Целиот текст на „Само прашај“ можете да го прочитате тука.