Челниците на Фудбалскиот сојуз на Црна Гора му изгласаа денеска доверба на Роберт Просинечки, кој останува селектор на националниот тим.
„Репрезентацијата на Црна Гора во квалификациите за Светското првенство 2026 година ќе ја предводи Роберт Просинечки, кој ја доби довербата од членовите на Извршниот комитет да продолжи да работи со нашата сениорска селекција, официјално соопшти Црногорскиот фудбалски сојуз.
Сезонава под водство на 55-годишниот Просинечки, селекцијата на, Црна Гора испадна во Ц – Дивизијата во Лигата на нации, а Црногорците на шест натпревари претрпеа дури пет порази.
Поранешниот хрватски фудбалер Просинечки го предводеше црногорскиот тим на десет натпревари и забележа три победи и седум порази. Почна со победи во пријателските натпревари против Белорусија и Македонија, а потоа уследи серија од седум порази, која беше прекината со победата од 3-1 на домашен терен против Турција во Лигата на нации